Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинското МНР со соопштение за синоќешното масовно руско гранатирање на Украина

Ноќта на 29 декември, Руската Федерација изврши еден од најголемите ракетни напади врз украинските градови и села во текот на целото време инвазијата од големи размери.

Според прелиминарните информации, непријателот употребил 158 средства за воздушен напад: ракети од различен тип и ударни беспилотни летала. Масовниот напад беше насочен кон Кијив, Лвив, Днипро, Одеса, Харкив, Хмелницкиј и други украински региони, соопштуваат од украинското МНР.

Породилиште, училиште, станбена зграда, градинка, пошта, метро станица, трговски центар се само дел од цивилните објекти нападнати од руската армија. Десетици луѓе загинаа и беа повредени како резултат на гранатирањето. Потрагата по оние кои останаа под урнатините е во тек.

Руските трупи се борат против украинските жени, деца, стари лица и цивилното население. Злосторствата извршени од Русија во Украина денес се нејзина одмазда за неможноста да го сврти текот на борбата на бојното поле со украинските одбранбени сили.

Ја повикуваме меѓународната заедница да ги обедини сите напори за да се запре рускиот геноцид врз украинскиот народ. Никакви разговори за „примирје“, „привремено отстапување на територии“, „замор“, „преговори“ и други „отстапки“ нема да ја запрат руската агресија, туку само ќе ги зголемат нејзините размери. Русија не разгледува никакви други сценарија освен целосно уништување на Украина.

Во овој контекст, ние сме им длабоко благодарни на партнерите кои на нашата земја ѝ дадоа средства за противвоздушна и противракетна одбрана. Денес, вашата помош спаси многу животи.

Единствениот можен начин да се заштитат Украинците е да ѝ се обезбедат на Украина сите потребни воени и финансиски средства за самоодбрана. Рускиот терор мора да загуби, а Украина – да победи, порачуваат од Министерството за надворешни работи на Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен