Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинското воздухопловство уништи руски десантен брод во Црното Море, Москва ја потврди загубата

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека уништиле брод на руската морнарица во Црното Море за кој се сомнева дека носел ирански беспилотни летала користени од Москва во војната во Украина.

„Големиот десантен брод Новочеркаск“ е уништен, објави военото воздухопловство на Телеграм.

Се верува дека бродот превезувал беспилотни летала Шахед од иранско производство, кои Русија интензивно ги користи во нападите врз Украина.

Командантот на воздухопловните сили Никола Олешук објави видео на кое се гледа експлозија во руската поморска база Феодосија на Крим.

Русија официјално соопшти дека нејзиниот амфибиски јуришен брод „Новочеркаск“ денеска бил погоден од Украина во Црното Море. Руското Министерство за одбрана информираше дека украинскиот напад бил изведен со крстосувачки ракети, лансирани од авион.

Москва, исто така, извести за едно лице убиено и две ранети во украинскиот напад врз пристанишниот град Феодосија на полуостровот Крим, анектиран во 2014 година. Ова го соопшти лидерот на Крим назначен од Русија, Сергеј Аксјонов. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен