Неколку лица од Кавадарци се соочуваат со кривична пријава откако биле затекнати како крадат грозје од туѓ лозов насад, информираат од СВР Велес. Пријавата е поднесена и против лицето кое ги поттикнало на кражбата.
Според податоците од ОВР Кавадарци, кривичната пријава е поднесена против 41-годишната С.В., Н.В. (43) и Р.В. (24) од Кавадарци за извршено кривично дело „кражба“ според член 235 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Дополнително, кривична е поднесена и против 64-годишниот З.К., исто така од Кавадарци, кој се сомничи за поттикнување на кражбата.
На 14 септември, полициски службеници ги затекнале лицата додека береа грозје од лозје во атарот на село Возарци, сопственост на 54-годишната Л.Р. Од возило „Форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано крај лозјето, биле извадени 11 вреќи со грозје, тежина околу 300 килограми. Според извештајот, З.К. го поттикнал Н.В. на кражбата, при што се договориле вечерта на 13 септември.