Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Унгарија е главната пречка за прием на Шведска во НАТО

Унгарскиот парламент го отфрли предлогот да се одржи гласање за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што дополнително го одложи вклучувањето на оваа нордиска земја во воената алијанса, пренесува АП.

Унгарија е главната пречка за прием на Шведска во НАТО, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера го достави до турскиот парламент протоколот со кој го одобрува приемот.

Владејачката партија Фидес, предводена од популистичкиот премиер Виктор Орбан, кој важи за единствен сојузник на Путин во ЕУ и има апсолутно мнозинство во унгарскиот парламент, го одложува донесувањето на кандидатурата на Шведска од јули 2022 година.

Пратениците на Фидес денеска го блокираа предлогот за закажување на гласањето, изјави Агнеш Вадаи, пратеник на унгарската опозициска Демократска коалиција и поранешен државен секретар во Министерството за одбрана.

Следниот можен термин за гласање ратификација ќе биде на собраниската седница што почнува на 6 ноември, истакна Вадаи.

Најново