Унгарија и Словачка се единствени од ЕУ, што не се на листата непријателски земји на Русија што ја состави Рускиот премиер Михаил Мишустин по директивата на Путин
Станува збор за список на земји кои наметнуваат „деструктивни ставови кои се во спротивност со руските духовни и морални вредности“, пренесе ТАСС.
Списокот вклучува 47 земји, од кои речиси сите претходно беа назначени од Русија како „непријателски“.
Меѓу нив е Македонија, како и речиси сите земји од Европската унија, со исклучок на Унгарија и Словачка. Вклучени се сите земји од НАТО, освен Турција.
На листата се и Швајцарија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд, Микронезија и Бахамите, како и Украина.
Документот беше потпишан од Мишустин на 20 септември и беше издаден во согласност со указот на претседателот Владимир Путин од 19 август годинава.
Уредбата предвидува поедноставена процедура за преселба во Русија за оние кои не ги прифаќаат деструктивните неолиберални ставови во нивните земји кои противречат на традиционалните вредности што ги застапува Русија.
Во постапката за одобрување преселба во Руската Федерација, таквите кандидати нема да се бара да имаат познавање на руски јазик, руска култура или историја.