Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Унгарската телеком компанија 4иГ, блиска до Орбан, на „брза лента“ влегува во Северна Македонија

Владата и „4iG“ Групацијата, една од водечките ИКТ компании во Унгарија, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел како што велат да се забрза дигиталната трансформација во Македонија иако пред извесен период Мицкоски рече дека причина за трет оператор се високите цени на комуникациските услуги.

Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу Владата и „4iG“ Групацијата ги истакнува можностите за влез „4iG“ Групацијата на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги идентификува стратешките области за идниот развој на телекомуникациските услуги и инфраструктурата во земјата.

На оваа тема во неколку наврати пишуваше Рацин.мк, а пред извесен период пренесоа и унгарските медиуми, посочувајќи дека министерот за транспорт и врски Александар Николоски и претседателот на Групацијата 4иГ Јасзаи Гелерт се сретнале во Будимпешта и во соопштението уште на почетокот на месецот кое го сподели 4иГ се наведува дека влезот на групацијата на северномакедонскиот пазар „совршено би се вклопил“ во деловната стратегија на компанијата, чија една од целите е континуирано зголемување на присуството на групацијата на Западен Балкан.

4иГ влезе на телекомуникацискиот пазар на Западен Балкан (Црна Гора и Албанија) во 2022 година, а потоа лансираше свој телекомуникациски бренд ONE.

Според изјавата на Христијан Мицкоски пак, неговата мотивација е да му „стави крај дуополот со трет мобилен оператор“ и „да го заштити стандардот на граѓаните за услугите коишто ги добиваат“, но овие причини се сериозно доведени во прашање заради „протекцијата“ со која се фаворизира омилената компанија на Орбан, која, еве, докажано е, дека е во стратешко партнерство со кинески Хуавеј.

4иГ, кој исто така цели кон вселената и ги здружи силите со унгарската држава пред две години за да го вклучи Водафон Унгарија во изградбата на подводен кабел за податоци со голем капацитет со Телеком Египет, кој ќе ги поврзе Египет и Албанија и е една од врвните компании блиски до премиер Виктор Орбан, за кои медиумите во Унгарија пишуваа детално октомври 2023 година.

Најново