На 23 август 2025 година во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во несвест бил донесен Е.М. (61) од Унгарија, кој набргу починал. Според пријавеното, на улица „11 Март“, во близина на Македонскиот народен театар, на мажот му се слошило по што бил пренесен во болница, каде лекарските екипи констатирале смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.