Уништен руски тенк од типот Т-72 од рано изутринава стои пред руската амбасада во Берлин.
Уништениот тенк треба да потсети на годишнината од руската инвазија на Украина. Тој неколку дена пред руската амбасада во главниот град на Германија ќе служи како споменик против војната. Според активистите кои ја иницираа акцијата, рускиот тенк од типот Т-72 бил уништен во првите денови од војната, во близина на Киев, од украинска противтенковска мина.
Тенк и кран заедно би биле претешки за подземната локација во близина на дотраениот тунел на подземната железница кој се протега тука. Затоа, тенкот не се истоварува, не се користи кран. Тој ќе остане на камионската приколка на која се тркалаше низ Полска.
„Овој тенк треба да биде знак на нашиот протест против војната на Русија и да ја изрази нашата солидарност со Украина“, вели иницијаторот Виланд Гибел.