Уништени над 634 килограми небезбедна храна, соопшти АХВ

казни

Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезбедна храна, од кои 567 килограми производи од месо, соопштија попладнево од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Оттаму, додаваат дека се изречени 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност по спроведените контроли во пресрет на празниците. Дадени се и опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности.

– Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на АХВ, со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите што организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна, појаснија од АХВ.

На територијатата на цела држава спроведени биле вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло.

– Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ. Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, за што се издадени соодветни решенија, истакнаа од АХВ.

Зачлени се на нашиот е-билтен