Универзитетот во Гент предупреди на академските ризици од соработката со САД под администрацијата на Трамп

 Белгискиот Универзитет во Гент изрази загриженост поради зголемените ризици поврзани со академската соработка со САД под администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Во известувањето до вработените, Универзитетот предупредува дека неодамнешните американски мерки значат притисок врз академската слобода и автономијата на образовните институции.

Универзитетот ги предупредува академиците и студентите кои патуваат во САД на строгата гранична контрола и на потенцијалните последици од давање критички изјави за американската Влада, како и за диверзитетот или климатските промени.

Слично предупредување неодамна објави Европската федерација на академии на науки и хуманистички науки, која го осуди замрзнувањето на милијарди долари од американското финансирање за истражувања, како и цензурата на академските теми.

Универзитетот реагираше по веста дека американското Министерство за образование планира да замрзне 2,3 милијарди долари федерално финансирање за Универзитетот Харвард, освен ако тоа не ги исполни барањата на администрацијата на Трамп, меѓу кои и зголемен мониторинг на антисемитизмот и човековите права, укинување на различностите, правичноста и програмите за вклучување и преглед на клучните политики на Универзитетот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен