Денес во Битола, пред вечерашната проекција на „Браќа Манаки“, екипата на филмот „Диџеј Ахмет“ одржа прес-конференција. Режисерот Георги Унковски, продуцентката Ивана и актерите зборуваа за инспирацијата, процесот на снимање и значењето на филмот кој ја отвора вратата кон една помалку позната култура.
„Локациите беа огромна инспирација, многу филмски. Доминираа боите на јуручкиот фолклор, ги забележав носиите и тоа ми даде моќна инспирација“, истакна Наум Доксевски, кинематограферот на филмот. Од една страна техно-забава во шумите каде што пасат овци, од друга страна контрастите меѓу генерациите кај јуруците – новата генерација со бесплатен пристап до технологиите. Тој судир секогаш ми бил интересен и токму од таму потекна основната идеја за филмот“, истакна режисерот Георги Унковски.
Продуцентката Ивана потсети дека филмот во октомври ќе започне со дистрибуција и во македонските кина, а веќе е селектиран и на неколку фестивали. „Имаме освоено десетина награди и многу сме возбудени за премиерата во Ница што следува. Филмот носи една уникатна културна перспектива, а тоа е нешто што веруваме дека и публиката ќе го почувствува.“
Еден од екипата сподели дека токму преку филмот за првпат се сретнал со јуручката култура: „Јас живеам таму каде што се снимаше и би сакал да продолжам со глумење. Сите беа многу добри и навистина сум среќен што сум дел од проектот.“ изјави Ариф на прес конференцијата.
На филмот глумат актери кои за првпат застануваат пред камера, а тоа, според екипата, му дава дополнителна автентичност.
Вечерашната премиера на „Диџеј Ахмет“ ќе ја затвори 46. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.