Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

УНРВА повеќе не работи во северниот дел на Газа

 Портпаролот на палестинската агенција за бегалци УНРВА рече дека организацијата повеќе не е во можност да обезбедува помош во северниот дел на Газа, каде што има само „неколку членови на персоналот“, и оти граѓанскиот поредок пропаднал поради израелскиот напад и строгите ограничувања за пристап до храна.

УНРВА вели дека се бори да обезбеди помош за милиони Палестинци во Газа и низ регионот, откако неколку клучни земји донатори го замрзнаа финансирањето на хуманитарната група по израелските наводи дека десетина нејзини вработени учествувале во нападите на 7 октомври.

– Верувам дека имаме неколку недели, пет или шест, помалку од тоа. После тоа, нема да можеме да продолжиме да даваме услуги, не само во Газа, туку и во места како Сирија, Јордан, Либан, Западниот Брег и Источен Ерусалим, изјави за Ал Џезира портпаролот на УНРВА, Аднан Абу Хасна.

Треба да знаете
Moже да ве интересира