Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека повеќе од 600.000 луѓе се под наредба за евакуација во јужниот дел на Појасот Газа.
„Речиси половина од нив веќе биле принудени да ги напуштат своите домови порано“, напиша денеска директорот на УНРВА Филипе Лазарини на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер).
Тој, исто така, предупреди дека жителите на Газа „немаат каде да одат, бидејќи засолништата, вклучително и оние на агенциите на ОН, се пополнети над нивните капацитети“.