Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

УНРВА: Речиси 50 наши објекти се уништени во Појасот Газа

 Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека близу 50 нејзини објекти и имоти во Појасот Газа се оштетени, а некои биле „директно погодени“, се наведува на веб-страницата на УНРВА.

„Ова ги вклучува училиштата и зградите на ОН кои се користат како засолништа, каде што УНРВА моментално сместува околу 700.000 луѓе“, соопшти УНРВА на социјалните мрежи.Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) претходно денеска информираше дека во вчерашните израелски напади загинале најмалку 23 лица, кои се криеле во засолништата на УНРВА, каде има околу 20.000 раселени лица во Газа. Од 7 октомври, 72 членови на УНРВА се убиени во Газа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен