Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

УНРВА: Во Појасот Газа досега раселени околу 1,7 милиони луѓе

 Бројот на раселени лица во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел достигна околу 1,7 милиони, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА). 

Како што се наведува во соопштението, околу 900 раселени лица се сместени во училиштата на УНРВА, а стотици илјади луѓе живеат на улиците, пишува „Хаарец“.

Агенцијата соопшти дека контаминираната вода за пиење довела до ширење болести и дека постојат стравувања од појава на колера. Во соопштението се нагласува и дека УНРВА му ги пренела на Израел точните локации на своите објекти, но дека повеќе од 70 од нив биле оштетени во бомбардирањето. 

Зачлени се на нашиот е-билтен