Претседателот на Државната изборна комкисија, Борис Кондарко, на денешнатна прес конференција ја информираше јавноста во врска со одлуката за поништување на потврдената листа на советници за Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ), откако добила информација дека на листата се наоѓа починато лице.
„Движењето за нацинално единство на Турците, ноќеска до Упавниот суд подонесе тужба против Државната изборна комисија. Ние ја добивме одлуката на Управниот суд според која тужбата е одбиена а одлуката на ДИК е потврдена. Ова значи дека одлуката на ДИК останува на сила, односно сите евенутални гасови за Град Скопје кои ќе бидат дадени за оваа листа ќе бидат неважечки. Такви насоки се дадени до Избирачките одбори, Општинските изборни комисии и Комисијата на Град Скопје“, рече Кондарко.
Државната изборна комисија (ДИК) на 147. седница донесе одлука за поништување на потврдената листа на советници за Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ), откако добила информација дека на листата се наоѓа починато лице. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, тогаш изјави дека гласовите за оваа листа ќе се сметаат за неважечки, а случајот ќе биде проследен до Јавното обвинителство.
Во изјавата за ЦИВИЛ, од ДНЕТ информираа дека Општинската изборна комисија на Град Скопје претходно утврдила дека листата е без недостатоци и дека токму државните институции се одговорни за техничките проверки.
„Веруваме дека оваа ситуација е намерна и ќе ги преземеме сите правни чекори,“ рече претседателот на партијата Ердоган Сарач, додавајќи дека за случајот биле информирани претставниците на ОБСЕ/ОДИХР, Полона Зајец и Јулија Манчин.
Наспроти тоа што нивната листа е поништена, а ДИК соопшти дека гласовите за оваа листа ќе бидат сметани за неважечки, од партијата порачуваат дека остануваат во трката.
„Според одлуката донесена од Општинската изборна комисија на Град Скопје, во нашата изборна листа нема никакви недостатоци. Исто така, државните институции се одговорни за отстранување на можни технички пропусти“, инсистираат од ДНЕТ.
Одлуката на ДИК беше доставена до ДНЕТ дури по 19 часот. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ја доби на увид одлуката од ДИК.
„Државната изборна комисија, постапувајќи по службена должност, потврдената листа за членови на совет на Град Скопје од подносител политичка партија Движење за Национално Единство на Турците – ДНЕТ, со решение бр.11-132/3 од 23.09.2025 година донесено од страна на Град Скопје од страна на Изборната комисија на Град Скопје, ЈА ПОНИШТУВА“, пишува во одлуката на ДИК.
Понатаму, во одлуката се вели дека дадените гласови за поништена листа за членови на совет на Град Скопје за политичка партија Движење за Национално Единство на Турците – ДНЕТ, членовите на избирачките одбори ќе ги евидентираат како неважечки гласачки ливчиња во записниците за гласање.
Движење за национално единство на Турците, бараше оставка од Општинската изборна комисија на Град Скопје а од Државната изборна комисија побара да ги одложи изборите за 14 дена за како што рекоа ‘да ја исправи оваа неправда’.