Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против упатството на ААВМУ за локалните избори

Управниот суд ја отфрли тужбата на политичката партија Левица, со која партијата побара поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 26 септември годинава.

Во образложението, судот посочува дека упатството претставува општ акт со кој се даваат насоки за примена на законските одредби од Изборниот законик, а не поединечен управен акт против кој може да се води управен спор. Судот нагласува дека ААВМУ како самостојно и независно регулаторно тело е овластено да носи правилници, решенија, наредби и упатства за спроведување на законите.

„За да еден управен акт предмет на управен спор, тој треба да биде конкретен и индивидуален, донесен во управна постапка со која се решаваат права и обврски на поединец или правно лице“, се наведува во судското решение.

Со оглед на тоа што Упатството на ААВМУ претставува општ акт донесен врз основа на законско овластување, тужбата на Левица е отфрлена како недозволена.

Зачлени се на нашиот е-билтен