Ураганот Мелиса ја погододи Јамајка, оштети болници, домови и доведе до прекин на струја и интернет, се движи кон Куба

Еден од најсилните урагани досега, Мелиса, ја погоди Јамајка оставајќи зад себе огромна штета и целосен прекин на струја и интернет во голем дел од земјата.

Премиерот Ендру Холнес изјави дека првичните информации покажуваат разорни последици – оштетени болници, домови и деловни објекти, особено во југозападниот дел на островот, во окрузите погодени од „коридорот на ударот“.

Иако засега нема потврдени жртви, властите стравуваат дека бројот на загинати би можел да расте со оглед на силата на ураганот и размерот на уништувањето.

Мелиса моментално се движи кон Куба, каде се издадени предупредувања за можни поплави и силни ветрови.

Зачлени се на нашиот е-билтен