Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Урсула Фон дер Лајен во четврток доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе  посети шест држави.

В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа.

В четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Северна Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.

В петок таа ќе отпатува за Србија  а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.

Зачлени се на нашиот е-билтен