Околу педесет маскирани мажи, претежно млади, се собраа пред Српскиот културен центар на улицата Прерадовиќева во Загреб, каде што се одржува изложба. На местото има и полиција.
Во еден момент, еден од маскираните млади мажи плукна кон фоторепортер од хрватскиот портал Индекс.
Откако испеаа „О, Хрватска, о, Хрватска, независна држава“ и скандираа „За дом спремни“, го напуштија местото на настанот.
Полицијта ги растерала насобраните во фантомки на главата.
Според новинарот на хрватскиот портал, во моментот поголем број на полицајци се на пат кон Прерадовиќ.
Интервентната полиција запре дел од групата на улицата Далматинска и ги легитимирала, а потоа биле пуштени.
Никој не може да се приближи до Српскиот културен центар, каде што се одржува отворањето на изложбата, објави хрватски Индекс.
На 3 ноември исто така десетици хулигани го спречија одржувањето на Денот на српската култура во Сплит. Обвинителството нареди притвор за девет лица кои учествуваа во овој инцидент. По апсењето на нејзините членови, навивачката група „Торцида“ повика на протест во Сплит.

