Уште еден заталкан куршум завршил таму каде што не треба за новогодишните празници

До полицијата пристигнала пријава за уште еден опасен инцидент предизвикан од заталкан куршум токму за новогодишните празници.

Маж од Шуто Оризари на 3 јануари пријавил дека заталканото зрно пробило прозорци и ѕидови од неговата куќа.

„На 03.01.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, Џ.Л. (32) од Скопје пријави дека за време на новогодишната прослава на подрачјето на Шуто Оризари паднало заталкано зрно од огнено оружје и му предизвикало материјална штета на домот. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка“, соопшти полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот, додека граѓаните предупредуваат на опасноста од огнено оружје за време на празниците, која секоја година предизвикува незгоди и материјална штета.

Зачлени се на нашиот е-билтен