Уште еден земјотрес во близина на Охрид и Струга

Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.  

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, беа регистрирани и вчера изутрина во Охридскиот регион. Најсилниот беше почувствуван во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала. 

Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени

Зачлени се на нашиот е-билтен