Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уште еден знак за влијанието на Маск, зел учество во разговорот на Трамп со Зеленски

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп разговарал во средата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и за време на повикот му го предал телефонот на Илон Маск, се повлијателниот милијардер во опкружувањето на Трамп кој одигра клучна улога во обезбедувањето комуникациски врски на Украина во нејзината војна со Русија, открило лице запознаено со дискусијата за Аксиос.

Маск бил со Трамп во Мар-а-Лаго, неговиот приватен клуб и резиденција во Флорида, а тонот на повикот беше опишан како позитивен, според лицето запознаено со дискусијата.

Сепак, не се открива што разговарале тројцата или дали се разговарало за каква било промена во политиката на САД кон Украина по изборот на Трамп.

Медиумите што ја пренесуваат оваа вест, како Њујорк Тајмс и Гардијан, нотираат дека ова е уште еден знак за влијанието на Илон Маск со втората администрација на Трамп.

Маск не одговорил на барањата за коментар на овие медиуми.

Зачлени се на нашиот е-билтен