Италијанските медиуми информираат дека едно лице загина во лавина во Алпите, во регион Јужен Тирол.
Според првичните информации, лавината се случила на надморска височина од околу 2.500 метри, додека група планинари се враќала во долината Аурина, објави агенцијата Анса.
Еден маж загина, додека неговата сопруга не е повредена. Врз него паднал снег, а лавината го однела 200 до 300 метри, соопшти агенцијата.
На местото на настанот е испратена спасувачка екипа со хеликоптер, како и карабинери и пожарникари.