Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уставен суд на Хрватска: Милановиќ не може да биде ниту мандатар, ниту премиер, дури и ако поднесе оставка

Уставниот суд на Хрватска денеска одлучи претседателот на земјата, Зоран Милановиќ, со своите изјави и однесување, односно со учество во кампањата без оставка од претседателската функција, се стави во функција каде тој не може да биде мандатар за состав на идната влада, ниту премиер. 

Претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ изјави дека Милановиќ, за разлика од Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП), го прекршил предупредувањето на Уставниот суд од 18 март и повторил дека водел кампања како иден премиер, пренесе Хина. 

„Со ваквите изјави и постапки Милановиќ се стави во позиција на учесник на парламентарните избори, што не може да биде, според неговата уставна позиција, додека е претседател на Хрватска“, заклучи Уставниот суд. 

Судот додаде дека уставната позиција на претседателот на Хрватска е неспоива со функцијата учесник на изборите за хрватскиот Сабор. 

Милановиќ, како што беше посочено, не може да биде мандатар или премиер и доколку и поднесе оставка од функцијата претседател. Уставниот суд посочува дека изборните процедури се секогаш најважниот тест за посветеноста на вистинската политичка демократија, што е отелотворена во Уставот. 

Во текот на целата изборна кампања Милановиќ постапуваше спротивно на Уставот и го доведе во прашање владеењето на правото и демократскиот повеќепартиски систем како највисоки вредности на Уставот, заклучува Уставниот суд. 

„Затоа, тргнувајќи од своите уставни овластувања во процесот на надзор над уставноста и законитоста на изборите, како и неговите општи овластувања за надзор како чувар на Уставот, Уставниот суд утврдува дека претседателот на Хрватска со своите изјави и однесување , а тоа што претходно, согласно предупредувањето од 18 март 2024 година, не поднесе оставка од функцијата претседател на Републиката, го доведе во позиција да не може да биде ниту мандатар за состав на идната влада, ниту премиер“, се наведува во одлуката на Уставниот суд.

За оваа одлука гласаа девет судии, тројца беа против, а еден член на Уставниот суд беше отсутен.

Зачлени се на нашиот е-билтен