Утре е ден на жалост во Тузла

Кантоналната влада на вонредна седница донесе одлука утре во Тузла да биде ден на жалост

Владата на Тузланскиот кантон, по повод трагичните настани и страдањата на жителите на Пензионерскиот дом во Тузла, го прогласи четврток, 6 ноември, за Ден на жалост на подрачјето на тој кантон.

Ваквата одлука ја донесе Кантоналната влада на вонредна седница.

На Денот на жалост, сите власти и институции на подрачјето на Тузланскиот кантон ќе ги спуштат знамињата на половина копје, а сите медиумски куќи и други средства за информирање се должни да ги прилагодат своите програми на тој ден.

Во трагичниот пожар што избувна синоќа на седмиот кат од Пензионерскиот дом во Тузла, каде што имаше неподвижни лица, загинаа 12 лица, од кои повеќе од 30 побараа медицинска помош во Центарот во Тузла, од кои петмина се во критична состојба.

Зачлени се на нашиот е-билтен