Итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за Венецуела би можела да се одржи на 4 или 5 јануари, соопштија за новинската агенција Тас во седиштето на светската организација во Њујорк.
Седницата ќе биде организирана во недела или понеделник. Се чека потврда од претседателот на Советот за безбедност, изјави изворот на агенцијата.
Јужна Африка денес побара итен состанок на Советот за безбедност поради едностраната воена акција на САД во Венецуела, соопшти Министерството за меѓународни односи на таа земја.
„Јужна Африка ги смета овие дејствија за јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации, која бара од сите земји-членки да се воздржат од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава“, се вели во соопштението.