Министерот за здравство Арбен Травари за тв 24 изјави дека утре ќе ја поднесе оставката во владата по одлуката тој како лидер на Алијансата на Албанците да ја напуштат владеачката коалиција и да заминат во опозиција.
Таравари со ваквиот потег ја разреши дилемата дали ќе се чека неговата оставка или, пак, Собранието ќе го разреши, а одлукат доаѓа по партискиот состанок по кој демантираше дека веќе се договорил со Ахмети за заеднички настап на локаните избори, но не ја исклучи можноста да си дадат поддршка на изборите.
Додека Таравари уверува дека ќе го следат сите сопартијци, од Вреди велат дека трансферот на пратениците ќе биде главна тема во наредните денови. Билал Касами во интервју за 360 гарантира дека мнозинството ќе добие нови гласови во Собранието.
Алијанса во моментов има пет пратеници и две министерски позиции во Владата. Вицепремиерот Арбен Фетаи уште пред неколку дена се огради од постапките на Таравари, а не сака и понатаму да коментира за своите идни планови.
Без пратениците на Таравари мнозинството има 73 пратеници. За избор на нови министри потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник.
Се чекува министрите и директорите на јавните претпријатија да си поднесат оставки. Таравари вели дека утре ќе ја ковертира оставката а во вторник на седница во Собранието треба да се потврдат оставките на функционерите и директорите од партијата на Таравари.
Од Владата велат дека нема да има реконструкција туку само смена на министри без да соопштат повеќе детали. Доколку Таравари поднесе оставка денеска, таа би можела да се најде пред пратениците уште утре на 48та седница на Собранието.
Од СДСМ со став дека излегувањето на Арбен Таравари покажува и потврдува дека владината коалиција не функционира, без разлика колку пратеници има сега.
„Кога зборуваме за мотивите, ова што го слушаме е потврда на она што цело време го кажува СДСМ. Станува збор за поделба на фунции, за поделба на тендери, поделба на провизии и несогласувања околу тие работи. Самите кажуваат дека можеби станува збор за некакви бизнис интереси. На тоа беше концентрирана власта а не на реализација на програмата“, вели Кузевска за, за ТВ 24.
Кузеска додека дека не станува збор за незадоволство само од една страна, особено затоа што ВМРО-ДПМНЕ во овие 10 месеци покажа целосна незаинтересираност за граѓаните околу заштита на нивниот животен стандард.
„Цените во маркетите се покачени за 60% без никаква контрола, а за покачување на минималната плата власта ги остави работнциите и работодавачите самите да се договараат. Културните работници Велигден го чекаа без плата, додека министерот ги троши парите во ресторани, што се виде од јавно достапни документи. Министерката за финансии се чуди како семејствата со деца пијат 13 литри млеко во месецот и кажуваат дека овошјето е луксуз. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува младите да стапат во брак порано, да имаат многудетно семејство, а синдикалната кошничка се пресметува за тричлено семејство. Сето ова потврдува дека владата ниту ги исполнува ветувањата пред граѓаните ниту испорачува некаков резултат, истакна портпаролката Кузевска.