Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Утре ќе се одржи конститутивна седница на Собранието на Војводина

По одржувањето на конститутивната седница на Републичкото Собрание (6.02) со кое започна рокот од 90 дена за формирање на Влада на Србија, за утре е закажана конститутивна седница и на Собранието на Војводина во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Собранието на Војводина, согласно Одлуката на Покраинското собрание за Собрание на Војводина и Деловникот за работа на Собранието, на првата седница се потврдуваат мандатите на пратениците, се формираат пратенички групи, и се избираат претседателот и потпретседателот на собранието.

На покраинските избори во Војводина на 17 декември минатата година листата на Српската напредна странка (СНС) „Александар Вучиќ – Војводина не смее да запре“ освои освои апсолутно мнозинство од 66 од вкупно 120 пратенички мандати, опозициската коалиција „Србија против насилство“ (СПН) освои 30, Сојузот на Унгарците од Војводина (СВМ) освои девет, Социјалистичката партија на Србија (СПС) и опозициската коалиција Нада освоија по седум пратенички места, а Руската партија ќе има еден пратеник.

Согласно изборите на 17 декември, за 19 феруари е закажана и конститутивна седнца на Собранието на Град Белград, во кое СНС и СПС имаат 54 советници, а за мнозинство во собранието кое брои 110 одборници им е потребна поддршка од уште двајца одборници.

Со оглед на тоа што членовите на коалициите Србија против насилство и Нада порачаа дека не сакаат да формираат влада со СНС, единствена опција им останува да формираат нова власт со листата на Бранимир Несторовиќ или да распишат нови избори за град Белград. 

Зачлени се на нашиот е-билтен