Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Утре на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе биде промовиран првиот број на студентското списание „In medias res”

Првиот број од возобновеното студентско списание „In medias res” ќе биде промовиранo утре (среда, 20. декември) на настанот по повод Патрониот празник на факултетот. Промоцијата ќе биде во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет од 13 часот. 

Во ова издание се застапени авторски текстови (поезија, проза), есеи, осврти, книжевни критики, интервјуа и колумни на над дваесет студент(к)и. 

По промоцијата, Списанието ќе биде објавено во електронска форма на веб-сајтот на Филолошкиот факултет – https://flf.ukim.mk/.

Уредници на списанието се студенти од катедрите на Филолошкиот факултет кои се погрижија за текстовите и за јазичното уредување, а графичко-визуелниот дел на првиот број го уредуваше Ајнур Касо.  

Списанието е остварено со поддршка на Новинарскиот клуб во координација со професорката Зорица Трајкова Стрезовска, Факултетското студенстко собрание на Филолошкиот факултет и деканот на факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски. 

Зачлени се на нашиот е-билтен