Од 20:00 часот до четири часот по полноќ булеварот „11‑ти Октомври“ комплетно се затвора за сообраќај на потегот од крстосницата со улица „Даме Груев“ до булевар „Кочо Рацин“. Причината – снимање на филм, соопшти МВР.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воспостави посебен режим; возилата ќе се пренасочуваат по околните улици, а на терен ќе има засилено полициско присуство.
Министерството апелира до граѓаните да ги следат упатствата на службениците и да планираат алтернативни правци во наведениот период, за да се избегнат непотребни застои.