Автомото сојузот на Македонија информира дека од вчера и синоќа се уште има забрана за движење на тешки моторни возила на неколку патни правци низ државата:
Од 14:10 ч. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Мавровска крстосница-Маврово-Дебар поради врнежи од снег. Од 21:10 ч. се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП Ќафасан во двата правци. Од 00:25 ч. воведена е забрана за ТМВ на патниот правец Кичево – Гостивар поради врнежи од снег.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“ информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.