Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека овонеделниот самит на Кина и Европската унија (ЕУ) ќе ја зајакне довербата и ќе го исцрта планот за развој на билатералните односи.
Според Кинеската медиумска група (CMG), Ванг, кој е и член на Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, го изјави ова на 4 декември за време на состанокот со претставници и дипломати на ЕУ и нејзините земји-членки во Пекинг.
Кинескиот премиер Ли Кианг, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен заеднички ќе претседаваат со 24. Самит Кина-ЕУ во Пекинг в четврток, 7 декември, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Ванг истакна дека односите меѓу Кина и ЕУ покажаа добар моментум во закрепнувањето и стабилен напредок под стратешкото водство на лидерите на двете страни.
Истакнувајќи дека оваа година се одбележува 20-годишнината од воспоставувањето на Сеопфатното стратешко партнерство Кина-ЕУ, Ванг рече дека лидерите на двете страни ќе имаат длабинска размена за стратешки и глобални прашања поврзани со односите Кина-ЕУ на претстојниот 24-ти Самит Кина – ЕУ.