Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вашингтон: Русите се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови во Црното Море

САД тврдат дека руските сили поставиле морски мини во Црното Море и се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови, јавија локалните медиуми.

-Нашите информации покажуваат дека Русија поставила дополнителни морски мини на приодите до украинските пристаништа. Веруваме дека ова е координиран напор да се оправдаат какви било напади врз цивилни бродови во Црното Море и да се обвини Украина за тие напади, изјави портпаролот на Белата куќа за Националниот совет за безбедност, Адам Хоџ.

Москва се повлече од договорот со кој се дозволува безбеден извоз на жито од украинските пристаништа во Црното Море, а потоа предупреди дека сите бродови што пловат кон Украина сега ќе се сметаат за потенцијални носители на воена опрема, односно воени цели. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен