Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Васиќ-Бозаџиева: Потребна е брза и ефикасна заштита на човековите права

 Судијката на Уставниот суд Татјана Васиќ-Бозаџиева на денешниот панел за „Правно советување за современи теми ‘одлуки на Уставниот суд vis – a – vis одлуки од редовно судство”, кој се одржа во рамките на Годишната меѓународна конференција посветена на одбележувањето на 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први”- Скопје, зборуваше за човековите права и одржување на балансот помеѓу правната сигурност и заштитата на уставните права.

„Постојат две клучни причини за да се воведе механизам за поништување на судски пресуди од страна на Уставниот суд, а тоа се потребата од брза и ефикасна заштита на човековите права и одржувањето на баланс помеѓу правната сигурност и заштитата на уставните права. Напоменува дека ефективната заштита на човековите права не може да се сведе само на констатирање на повредата, туку треба и да се обезбеди рехабилитација на правата на засегнатите граѓани“, рече Васиќ – Бозаџиева. 

Во своето излагање истакна дека дебатата за надлежноста на уставните судови да укинуваат/поништуваат неуставни одлуки на редовните судови е клучна и контроверзна во уставното право поради фактот што се отвораат прашања за балансирање меѓу заштитата на уставните права и зачувувањето на независноста на редовното судство. 

„Актуелната правна рамка во Република Северна Македонија не овозможува директна и ефикасна заштита на уставните права преку укинување или поништување на неуставни судски одлуки од страна на Уставниот суд. Ова ограничување ја намалува правната сигурност и остава простор за правни несигурности во однос на заштитата на основните човекови права“, посочи уставната судијката Васиќ-Бозаџиева.

Во соопштението на Уставниот суд, доставено до медиумите, пишува дека уставната судика, нагласила дека, од една страна, поништувањето на одлуките на редовните судови од страна на Уставниот суд се смета за потребно за заштита на правата на граѓаните, додека од друга страна, се гледа како на прекумерна интервенција во судската независност.

Во Македонија, единствено Уставниот суд може да утврди повреда и да предложи начин за отстранување на последиците, без  укинување/поништување на актот со кој е сторена повредата.

Зачлени се на нашиот е-билтен