– Швајцарската Влада денеска соопшти дека нејзините веб-страници биле погодени од бран кибер напади пред да биде домаќин на самитот за мир во Украина овој викенд
„Првите дистрибуирани напади (DDoS) на различни веб-страници на федералната влада и организации вклучени во самитот за мир во Украина почнаа утринава … Тие резултираа со помали прекини“, соопшти Националниот центар за кибер-безбедност.