Вечерава избувана пожар на ридот кај скопско Морани

Вечерва избувна пожар на ридот во скопското село Морани.

Според информациите од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов упатени се екипи на терен, а тргаат и неколку пинцгауери.

„Овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци“, вели Ангелов.

Тој додава дека Кире Михаилов, директор на Национални шуми, им го расипал бизнисот со кражба на дрва.

ЦУК, соопште дека до 18 часот на територијата на Македонија има вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои три се активни, три се под контрола, а 17 се изгснати.

Активни пожари има и кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија.

Под контрола се пожарите во Трубарево, во Дрисла и на делчевската депонија Острец.

Зачлени се на нашиот е-билтен