Вечерва во Скопје во паркот на Франкофонијата беше поставена изложбата на ексклузивен накит на познатата македонска уметницата Бранка Данчевска.

Овој проект претставува современ дијалог меѓу традицијата и иднината — колекција накит што ја спојува рафинираната прецизност на македонскиот филигран со идеологијата на одржливост. Работејќи со рециклирани материјали како отпаден кориан, уметницата ја преиспитува врската меѓу вредноста, материјалот и рачната изработка.
Во време кога светот мора повторно да размисли за создавањето и потрошувачката, нејзината практика се стреми кон обнова – кон претворање на заборавените фрагменти во нешто ново, елегантно и значајно.



За оние кои го пропуштија отворањето повеќе детали можат да најдат на инстаграм профилот на уметницата