Вечерва ќе бидат познати сите европски учесници на СП 2026

Вечерва се играат финалните плејоф мечеви за пласман на Светското првентство во фудбал кое ќе се одржи летово во САД, Канада и Мексико.

Во Тузла БиХ ќе ја пречека репрезентацијата на Италија, Косово дома ќе игра против Турција, Чешка ја пречекува Данска која нас не елиминираше во полуфиналето, а во последниот дуел ќе играат Шведска и Полска.

Сите натпревари почнуваат во 20.45 часот а победниците ќе го комплетираат спсиокот на европските претставници на СП 2026.

Екипите кои беа поразени во полуфиналните натпревари, ќе играат „утешни“ натпревари меѓу себе а во еден таков меч Македонија и гостува на Република Ирска со почеток во 20.45 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен