Српската парламентарна опозиција вечерта организираше протест во Белград на кој побара оставка од премиерот и владата, кои ги сметаат заеднички одговорни за трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 14 претежно млади лица, а тројца беа тешко повредени во уривањето на настрешницата на железничката станица на 1 ноември.
Беа прочитани барањата, меѓу кои и оставка на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, објавување, како што наведуваат, „тајни договори“ поврзани со реконструкција на железничката станица во Нови Сад, апсење на сите одговорни за смртта на 14 лица и ослободување на сите приведени по протестот во Нови Сад.
Организаторите најавија дека доколку не се исполнат барањата во рок од седум дена, ќе продолжат да се борат на улица и ќе бараат седница на српското Собрание за импичмент на Владата како единствена точка на дневен ред.