Вечерва се игра вечното ракометно дерби Пелистер – Вардар

Вечерва во 18.00 часот во спортската сала во Битола во македонската супер лига во ракомет ќе се одигра вечното дерби помеѓу РК Пелистер и РК Вардар 1961.

Билетите за мечот беа експресно расподадени а покрај „Чкембари“ во салата ќе бидат и „Комити“ што гарантира навивачки и ракометен спектакл.

Инаку, домашните навивачи веќе ја загреаа атмосферата синоќа откако пред хотел каде се сместени ракометарите на Вардар испукаа неколку огномети.

Во пресрет на овој натпревар, Вардар е лидер на табелата со максимални 15 победи и 30 бода, додека битолчани се втори со четири бода заостанување.

Пелистер ќе го дочекаат Вардар со нов тренер, тоа е Ѕвонко Шундовски откако шпанецот Рубен Гарабаја си замина од клупата.

Зачлени се на нашиот е-билтен