Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вечерва започнува втората сезона на „Полиграф“ – емисија за разоткривање дезинформации и неточни вести

Институтот за медиуми и аналитика ИМА во соработка со Телевизија Алсат стартуваа со продукцијата на втората сезона на ТВ емисијата „Полиграф“, која, почнувајќи од вечерва, ќе се емитува секоја недела во 19:30 часот, веднаш по главните вести на оваа национална телевизија.

ИМА и ТВ Алсат очекуваат емисијата да продолжи со успесите од минатата година, кога имаше просечна гледаност од речиси 80.000 гледачи, и беше една од најгледаните емисии продуцирани од телевизијата.

„Секаде во светот, а и кај нас дезинформациите претставуваат сериозен безбедносен проблем, кој ја поткопува демократијата, предизвикува поларизација и конфликти во општествата, и ја нарушува довербата и во институциите, но и во медиумите. За да биде успешна борбата против дезинформациите, во неа треба да се вклучат и влијателните медиуми, особено телевизиите кои имаат големо влијание кај јавноста и публиката. Среќни сме што за ова наидовме разбирање кај ТВ Алсат, која е прва национална телевизија во земјава која воопшто има содржина наменета за справување со дезинформациите“, вели Петрит Сарачини од ИМА.

Емисијата е динамична, не трае повеќе во 10 минути, а во неа се содржани 3 прилози кои разоткриваат дезинформации објавени во влијателни медиуми или на социјалните мрежи, но нудат и совети и вештини за зајакнување на медиумската писменост и критичкото размислување кај публиката.

И годинава, како и минатата година, ќе бидат продуцирани 24 епизоди од „Полиграф“. Серијалот на емисии се реализира со поддршка од Американската амбасада во Северна Македонија. (СМК)

Треба да знаете
Moже да ве интересира