Најмногу жени болни од карцином на дојка има во градот Велес. Статистики се аларманти. На годишно ниво бројот на заболени пациентки се зголемил на илјада новозаболени, а кој пред пандемијата на корона бил 500 годишно. Се симнува и старосната граница на заболените. Таа сега паднала на 40-годишна возраст, иако најмладата велешанка која е оперирана од канцер на дојка има само 21 година, додека во земјава канцер на генитални органи е откриен кај 17-годишна девојка.
Освен кај жени, болеста засега е официјално откриена и кај еден маж во Велес, а може да има и други заболени, кои не се регистрирани. Овие информации ги изнесе Македонка Икономова Давчева од велешкото здружение „Љубов сме“, во кое членуваат жени онколошки пациентки, на трибината „Рано откривање на канцер на дојка“, што Општа болница Велес попладнево ја организираше во Европската куќа на млади во Велес.
Трибината е во рамки на розовиот месец за борба против оваа болест со цел едуцирање на населението за борба против оваа болест. Трибината има за цел да ја подигне свеста за редовни самопрегледи на велешанки, како и за користење на термините од прегледите на скринингот што го спроведува Министерство за здравство.
Присутните лекаркивна трибината, потенцираа дека со болеста канцер на дојка се живее, но доколку биде рано откриена и на време бидат преземени сите здравствени мерки за нејзино лекување.
Сепак животот не е така едноставен, констатираа оперираните жени, говорејќи отворено за личната и грижата на семејствата кои се нивната најголема поддршка.
Со трибина и ЈЗУ Општа болница Велес се вклучи во активностите кои се организираат низ државата и се посветени на розовиот месец, октомври – посветен на подигнување на свеста за болеста канцер на дојка