Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Христос воскресе!
Христос воскресе, комши, ама овој Бахмут од држава никогаш нема да воскресне.
Аман,бе, комши, што ти е тоа Бахмут?
Еден бивш град во Украина.
Леле, па ако е Македонија бивша, за кој курац се ти секираш?
Се секирам затоа што не сум сигурен?
Како Кикифрики, Горан, Ива, Жанета….
И сите телевизии и портали, замисли мртвата да воскресне и да ни мавне од небото над Брисел?
Пред да падне власта?
Да!
Хахаха, тоа навистина ќе биде заебано за некои хора, еве и Фич вели дека имаме добар рејтинг!
Комши, а бе каков Фич, гледаш ли ти телевизија, читаш ли што пишуваат медиумските принцези и грофовите на катастрофата, или сакаш да ми кажеш дека Фич знае повеќе од Мирка, или од Женскиот оркестар на ману и уким?
Не, но…
Јас ќе ти кажам, рејтингот на Фич е порачан од владата за да се дефокусира вниманието на јавноста од високата цена на доматите и од воскресението на Исус.
Ха, можеби навистина е така, но сите тие приказни немаа смисла ако ние сме Бахмут кој, нормално, не може да воскресне.
Е, па, сега, ако успееме да ја урнеме владата пред да падне последната куќа во Бахмут имаме некакви шанси, нашите надежи се врзани за тоа владата да умре пред да умре Македонија, всушност сакаме со Македонија во претсмртна состојба да ја убиеме владата и во таа смисла колку е помртва Македонија толку е поголемо и разорно дејствие на мртвата или умирачката Македонија врз живата влада.
Разбирам, но сте ја разгледувале ли и обратната опција.
Не, затоа што нема смисла, па ти самиот на почетокот рече за кој курац се секирам ако е Македонија е бахмутизирана.
Така е.
Имаш ли уште нешто да ми кажеш?
Имам:
Македонското општество е волнена блуза што се распаѓа во налетот на вморонски молци. Кокошкин акварел под млазевите на мочка од гранапско пиво.
Компиров и лозов насад пред офанзивата на златица и пероноспора.
Панкреас нападнат од џобски рак.
Немаат смисла расправите за спас.
Ако не се потпираат врз моќта да не се секираме, да ја рзбереме смртта како спас.
Тоа е така христијански и исламски.
Да одиме низ неа, да ја оставиме да се исцрпи и изеде сѐ, без апчиња, без зрачења, без секирација, болеста, распаѓањето, смртта и ние, што ќе умреме во следната тура.
Хахаха!
Македонецот што обожава да се тушира со солна киселина треба да се држи на дистанца: Ризикот да му се доближите и да го спасувате е многу голем, а смислата многу мала.
Комши, ти си обично пискарало кое сака да личи на Павиќ, а не личиш ниту на Венко Андоновски.
Точно, на Венко не личам, бог да чува, а на Павиќ не сакам да личам, од каде ти е таа идеја дека сакам да личам на мрзливиот меморандумски буф.
Комши јас и ти не можеме да се разбереме.
Можеме ако ти го разбереш ова:
Ми се чини дека владата, која вие сакате да ја умрете со помош на смртта на Македонија, е пред остварување на најголемиот подвиг: да ја уништи моќта на сераторите кои мислат дека се јавен фактор без остаток.
Многу се радувам поради тоа.
Со најновата генерација на најмоќното оружје: игноранцијата.
Не на критиката, туку на апликациите на злото.
Тоталната окупација на медиумскиот простор од идиоти не дозволува друг начин на борба за вистината и опстанокот.
Извор: FRONTLINE