Велика Британија, Германија и Франција денеска упатија апел до Советот за безбедност на Обединети нации да пружи „целосна поддршка“ за имплементација на мировниот план за Појасот Газа.

Во заедничкото соопштение се наведува дека Лондон, Берлин и Париз се „подготвени да придонесат“ со понатамошни дискусии за следните чекори од планот за Појасот Газа и ги поздравија напорите на американскиот претседател Доналд Трамп и „дипломатските напори на медијаторите“, Египет, Катар и Турција, за постигнување на договорот.
Трите земји се обврзаа и дека ќе поддржат „значителен пакет хуманитарна помош преку агенциите на ОН“.
Договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа денеска стапи во сила.