На вечерашниот состанок на Советот за безбедност на ОН, отворена е темата за руските провокации на воздушниот простор на НАТО во Естонија, каде што Велика Британија испрати јасно предупредување до Русија.
„Ако мораме да се соочиме со авиони што летаат во воздушниот простор на НАТО без дозвола, ќе го сториме тоа“, предупредува британската министерка Ивет Купер, при што потенцираше дека дека Путин ризикува вооружен конфликт со НАТО.
Таа рече дека Русија продолжува да ги „крши своите најфундаментални обврски според Повелбата на ОН“ со „ескалирачки“ напади врз Украина и „неодговорни“ акти на упад во полскиот, романскиот и естонскиот воздушен простор. „Овие најнови акти се опасни и неодговорни“, рече таа.
Во најлош случај, тие претставуваат намерен обид за поткопување на територијалниот интегритет на суверените нации и европската безбедност. Тие ризикуваат погрешна проценка, тие ја отвораат вратата за директен вооружен конфликт меѓу НАТО и Русија.
Купер исто така рече дека „здружената сила на НАТО е неспоредлива, а неговата решеност да го брани мирот и безбедноста е непоколеблива“.
„Претседателе Путин, сакам да кажам дека вашите неодговорни постапки ризикуваат директен вооружен конфликт меѓу НАТО и Русија. Нашиот сојуз е одбранбен, но не треба да бидеме залажани. Подготвени сме да ги преземеме сите потребни чекори за да го одбраниме небото на НАТО и територијата на НАТО. Ние сме будни. Решителни сме и ако треба да се соочиме со авиони што летаат во воздушниот простор на НАТО без дозвола, тогаш ќе го сториме тоа“, рече таа.
Таа, исто така, рече дека „руското империјалистичко воено потпалување е закана за меѓународниот мир и безбедност“, заклучи таа.