Велика Британија официјално ќе ја признае палестинската држава

Британскиот премиер Кир Стармер денес попладне ќе објави официјално признавање на палестинската држава од страна на Велика Британија, пренесуваат британските медиуми.

Уште во јули Стармер најави дека неговата влада ќе преземе ваков чекор доколку Израел не исполни низа услови – меѓу кои прекин на огнот, обврска за долгорочен одржлив мир, дозвола за повторна испорака на хуманитарна помош преку Обединетите нации и воздржување од анексија на Западниот Брег.

„Разбирливо е дека Велика Британија формално ќе ја признае Палестина како држава“, изјави тогаш Стармер.

Иако премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја оцени оваа позиција како „наградa за монструозниот тероризам на Хамас и казна за неговите жртви“, ситуацијата на терен само дополнително се влоши. Во Газа е прогласена глад, нема прекин на огнот, а израелската војска започна голема копнена офанзива за целосно преземање на градот и уништување на Хамас.

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, ја нарече операцијата „целосно безобѕирна и ужасна“.

Ранова во септември, истражната комисија на ОН утврди дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа – обвинување кое Израел го оцени како „искривено и лажно“.

Зачлени се на нашиот е-билтен