Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Велика Британија: Се влоши безбедносната ситуација во Црвеното Море

 Велика Британија денеска предупреди дека безбедносната ситуација во Црвеното Море се влошила поради вооружените дејствија на јеменските Хути, наведувајќи во соопштение дека разурнувачот ХМС Дајмонд на британската Кралска морнарица се приклучил на новата меѓународна работна група за заштита на бродарството во тој регион.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави денеска дека и италијанската морнарица ќе помогне во заштитата на бродските рути во Црвеното Море и ќе испрати еден од воените бродови. 

„Италија ќе го направи својот дел, заедно со меѓународната заедница, да се спротивстави на терористичките активности на дестабилизација“, рече Крозето.

Зачлени се на нашиот е-билтен