Венецуелските власти денеска ослободија 21 „политички затвореник“, вклучително и осум од САД, објави Коалицијата за човекови права и демократија, што постапуваше со нивните случаи.
Марија Алехандра Полео, една од адвокатите на групата, изјави дека досега има „осум Американци и 13 Венецуелци“, вклучувајќи ги Лук Александар Денман и Ајран Бери, осудени на 20-годишна затворска казна за неуспешна вооружена инвазија во Венецуела во 2020 година.