Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс моментално е во Израел, каде што зборуваше за постигнатото примирје меѓу Хамас и Израел и рече дека верува оти тоа ќе се одржи.
Потпретседателот рече дека „секој има улога“ во однос на тоа кои земји ќе придонесат кон мировните сили во Газа, но дека одлуката на крајот е на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Она што го видовме минатата недела ми дава голема надеж дека примирјето ќе се одржи. Со оглед на историјата на конфликтот, мислам дека сите треба да бидеме горди на тоа каде сме денес. Многу сум оптимист. Може ли да кажам со 100 проценти сигурност дека ќе функционира? Не“, рече Венс.
Венс ја нагласи улогата на израелската влада во спроведувањето на мирот.
„Благодарение на нашите партнери, и во Израел, но и низ арапските држави од Персискиот Залив, Индонезија и Турците, тука правиме неверојатна работа. Кои војници ќе бидат на терен, ќе биде прашање за кое Израелците мора да се согласат. И сигурен сум дека премиерот Нетанјаху ќе има мислење за тоа. Но, мислиме дека секој има улога тука“, рече Ванс.
Тој, исто така, нагласи дека локацијата на некои тела на мртви затвореници во Газа е непозната, наведувајќи дека прашањето е „тешко“ и нема да се реши преку ноќ.
„Фокусот на сите тука е да ги вратат тие тела во домовите на нивните семејства за да им се овозможи пристоен погреб. Некои од овие заложници се закопани под илјадници килограми урнатини. За некои од заробениците, никој дури и не знае каде се. Тоа не значи дека не треба да работиме на нивно пронаоѓање. И тоа не значи дека немаме доверба дека ќе го сториме тоа. Тоа е само причина да бидеме трпеливи“, рече Ванс.
Ванс, исто така, рече дека САД ќе го „збришат“ Хамас ако не се разоружа.
„Ако Хамас не се придржува до договорот, ќе се случат многу лоши работи. Но, нема да го направам она што претседателот на Соединетите Американски Држави досега одбиваше да го направи, а тоа е да поставам експлицитен рок, бидејќи многу работи се тешки. Многу работи се непредвидливи“, рече Венс.